По проценката на штетата од големиот пожар што попладнево зафати зрада на бул. „Туристичка“ на излезот од градот кон Скопје, општина Охрид ќе им излезе во пресрет на оштетените семејства и ќе им пружи соодветна помош, најави локалната самоуправа. Местото на настанот денеска го посети градоначалникот Никола Бакрачески, кој ја согледа состојбата.
– Добив информации од раководителот на Брзата помош во Охрид дека во овој момент нема сериозни повредени ниту лица со посериозни последици од инхалација на поголемо количество чад. Се работи за три деца кои имаат инхалиран чад и се во добра здравствена состојба без посериозни последици по нивното здравје. Едно од децата има мали изгоретини од прв степен и уште две повозрасни лица имаат инхалирано поголемо количество на чад и според информацијата на раководителот на службата се во добра општа состојба и се префрлени во Општата болница во Охрид во Одделението за интензивна нега од каде ме информираа дека нема никакви посериозни последици по нивното здравје.– рече градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот упати пофалба до вработените во Територијалната противпожарна единицата од Охрид и до сите останати лица кои заедно со нив помогнале навремено да се интервенира и да се избегнат посериозни последици.
Засега причините за пожарот кој избил во стан на 4-от кат од северната страна на зградата не се познати.
OhridNews