Општина Охрид е меѓу петте општини во Република Македонија, на кои УСАИД ќе им донира современ софтвер за евидентирање на градежното земјиште, откако државата ќе го врати истото во владение на општините.  Овој проект не само што ќе ја олесни работата на општинските служби,  туку и ќе го поттикне локалниот економски развој.

Досега поради немање ингеренции врз градежното земјиште Општина Охрид, пропушти голем број инвеститори во различни области, а голем број на инфраструктурни проекти кои се од витално значење за градот, сеуште  чекаат на реализација.

Во овој проект, покрај Охрид се вклучени и општините Велес, Прилеп, Студеничани и Сопиште.

OhridNews