Општина Охрид ќе добие 687.684  евра  за ревитализација и изградба на локална патна инфраструктура. Толку средства  се предвидени со проектот на Министерството за транспорт и врски за реконструкција и рехабилитација на локалните патишта.

Иако по бројот на жители се речиси идентични, општина Струга ќе добие дури 200.000 евра повеќе. За реконструкција и рехабилитација на локалните патишта во Струга предвидени се 893.823 евра. Солидни 392.095 евра се предвидени за ревитализација на патната  мрежа во општина Дебрца.


687.684 евра за изградба на патна инфраструктура во Охрид

Министерството за транспорт и врски веќе го распиша конкурсот за распределба на средствата од проектот за  реконструкција и рехабилитација на локалните патишта. Од Одделенеието за комунален развој и патишта при општина Охрид ни изјавија дека деновиве ќе ја разгледаат програмата на министерството и ќе аплицираат со неколку проекти од приоритетната листа.

Г. Момироски