-Взаемната соработка не е само во корист на Здруженијата на граѓани, туку и за самата Локална власт, затоа што општински проекти се многу поуспешни и правилно вреднувани, кога ја имаат поддршката од Здруженијата.-велат од Општина Охрид.
Трибина на Здружението на телесно инвалидизирани лица од Охрид
Од таму објаснуваат дека најблизок пример за тоа дека локалната самоуправа, често соработува со невладиниот сектор е фактот што само во последните десетина дена биле поддржани неколку настани, кои биле во организација на охридските здруженија.
-Меѓу нив, несомнено, илустративни беа зафатите од областа на екологијата односно поддршката за уредувањето на крајбрежјето до „Грашница“. Во саботата, благодарение на поддршката на Локалната власт, Здружението на телесно инвалидизираните лица од Охрид, кое е едно од најактивните Здруженија на ниво на градот, ја одржа планираната тематска работилница со учество на стручни предавачи и гости од соседна Србија.-истакнуваат од Општина Охрид.