Пред издавањето на Б – Интегрираната еколошка дозвола ТЦГ Леарница, беше задолжена да изгради нов систем за ултрафилтрација, кој обезбедува подобрен третман на отпадната технолошка вода, пред нејзино испуштање во колекторскиот систем.
Од Секторот за урбанизам и заштита на животна средина при Општина Охрид, информираат дека во процедура за добивање на Б – Интегрирани еколошки дозволи, се уште десетина барања на фирми од општините Охрид и Дебрца.
Со добивањето Б еколошка дозвола, компаниите преземаат поголема одговорност и обврска за континуирано запазување на стандардите за здрава животна средина во секојдневното работење.