Согласно Одлуката  за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година, општина Охрид објави дека издава слободни локации за поставување на урбана опрема.

Слободните локации ќе се издаваат врз основа на поднесено барање за издавање на слободна локација. Цените по кои ќе се издаваат локациите се утврдени во Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година и Законот за комунални такси.

За поставување на урбана опрема за продажба на сувенири на унифицирани тезги почетната цена за издавање изнесува 3.000 денари месечно, а за издавање на простор за поставување на фрижидери за продажба на сладолед, почетната цена изнесува 5.000 денари месечно по локација. За  издавање на простор за продажба на уметнички слики, почетната цена изнесува 8.000 денари месечно, додека пак почетната цената за издавање на простор за продажба на народни ракотворби, изнесува 3.000 денари месечно.

За издавање на простор за продажба на книги на типска опрема, почетната цена изнесува 8.000 денари месечно, а за користење на површини за  поставување на детски игралишта почетната цена изнесува 250 денари по метар квадратен месечно. За користење на површини за поставување  на унифицирана урбана опрема за презентација, почетната цена изнесува 2.000 денари по метар квадратен дневно.

За користење на површини за поставување на покриени и непокриени шанкови, почетната цена изнесува 3.500 денари по метар квадретен месечно.

Краен рок за поднесување на барање за слободна локација е понеделник 13-ти јули 2015 годдина до 15.30 часот.

OhridNews