Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и претседателот на Фудбалската федерација на Макединија (ФФМ) Муамед Сејдини, денес, потпишаа меморандум за соработка. Во рамки на меморандумот е опфатен проектот за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини Извори“.

Според проектот, предвидено е трибината да има капацитет од 1480 седишта, од кои во централниот дел ќе бидат вип седиштата, а ќе има и коментаторска кабина и простор за камери. Во долниот дел од трибината предвидени се простории за вработените, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола  со санитарии,  простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории.

Вкупната вредност на проектот е 1.000.000 евра, а реализацијата започнува во наредниот период.

OhridNews