Општина Охрид согласно законските прописи од 1 декември го забрани пушењето во админстративната зграда. Пушењето е забрането како во канцелариите, така и во салите за состаноци и ходниците. Речиси на секоја врата поставено е соопштение за забраната. Голем дел од работените во општината се пушачи, кои како што ни кажаа тешко се снаоѓаат во новонастанатата ситуација. Дел од нив излегуваат надвор за да запалат цигара, а има и такви кои размислуваат да се откажат од пушењето.


Општина Охрид го забрани пушењето

Слична е состојбата и во другите јавни установи, но и приватни фирми. Најпогодени од новиот закон се угостителите кои се жалат дека прометот им опаднал по воведувањето на забраната за пушење во рестораните и кафулињата. Тие бараат државата да издава лиценци за ресторани каде ќе биде дозволено пушење, а на граѓанинот да му се даде избор во каков ресторан сака да престојува – за пушачи или за непушачи. Пушачите сметаат дека новиот Закон е дискриминирачки, поради што адвокат од Скопје поднесе иницијатива до Уставниот суд да оццени дали Законот за забрана за пушењето е дискриминаторски.

Ohridnews