По повод Есенската рамноденица – почеток на есента, 23-ти септември, Одделението за заштита и влијание на животната средина при Општина Охрид, во соработка со охридските основни училишта го распиша традиционалниот еко литературен и ликовен конкурс, кој оваа година ќе се одржи под мотото „СОНЦЕ, ПЛОДОВИ И ЛИСЈА ЦРВЕНИ И ЗЛАТНИ НАСЛИКАНИ НА НАЈУБАВОТО ЕСЕНСКО ПЛАТНО“.
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини, а целта на оваа ктивност е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини и подигнување на еколошката свест, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина. Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. – се вели во објавата на Конкурсот.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид, со оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.. Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „ ПЛОДОВИ И ЛИСЈА ЦРВЕНИ И ЗЛАТНИ НАСЛИКАНИ НА НАЈУБАВОТО ЕСЕНСКО ПЛАТНО“.
Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс, а ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен
материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија …..).
Присигнатите дела ќе ги оценува жири комисија, а резултатите ќе бидат објавени јавно.
Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000 денари еднократно, второ наградените по 5000 денари еднократно, а трето наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 3000 денари еднократно.
Повеќе информации за Конкурсот може да погледнете на следниот линк.
OhridNews