По почетна цена од околу 50 евра или точно 3.170 денари, општина Охрид, по пат на електронско јавно наддавање го понуди на продажба градежното земјиште наменето за изградба на Aвтобуска станица во Охрид. Површината на градежната парцела под број 5.3 е 11.997 метри квадратни, со дозволена површина за градење од 10.252 метри кавадратни.

-Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план У3.9 (УБ 9.4) и УЗ 15 (дел од УБ 15.5) плански опфат (ул. 15 ти Корпус и ул. Кленоец) Охрид, донесен со Одлука бр. 07-6092/39, од 30.06.2014 година од општина Охрид, со намена за изградба на комунална супраструктура – автобуски терминал со компатибилни класи на намени, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на  катастарска парцела опфатена со градежната парцела, површина на градежна парцела, максимална висина на венец, компатибилни класи на намени, депозит за учество на јавното наддавање и термин за одржување на јавно наддавање, пишува меѓудугото во огласот кој е објавен во медиумите и кој може да се најде и на веб страницата на општина Охрид.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица од Република Македонија како и физички и правни лица од странски земји, во согласност со законските процедури и правилници. Депозитот за учество на јавното наддавање е околу 60 илјади евра или точно 3.803.049 денари.

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, а подетални информации за потребнатa документација може да се најдaт во рамки на огласот.

Освен потребната документација, во пријавата за учество треба да се приложи и Банкарска гаранција во износ од 100.000 евра во денарска противвредност за серизност на понудата со рок на важност до 15-ти јуни 2015 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање, во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 8-ми април 2015 година, до 16 часот на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на истата интернет страна на 15-ти април 2015 година, во 10 часот и истото ќе трае 15 минути.

Инаку општина Охрид официјално ја започна постапката за реализирање на проектот за изградба на нова Автобуска станица, откако Советот на општина Охрид во октомври минатата година ја усвои Предлог Одлука за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, кое е наменето за изградба на овој инфраструктурен објект.

Земјиштето за изградба на автобуската станица беше понудено и во рамки на брошурата „Инвестирајте во Охрид“.

OhridNews

Скопска фирма ќе гради хотел кај поранешната Детска Болница