Најавената одлука на Владата за целосно укинување на визите меѓу Р.Македонија и Р.Албанија што вчера во Тирана ја изнесе лидерот на ДПА, а ја потврди и портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, Општината Охрид ја поздрави и смета дека нејзиното донесување ќе биде во полза на интересите на граѓаните и стопанските субјекти од двете страни на границата а особено од општините Охрид и Струга и целиот Југозападен плански регион.
„Одлуката, што според најавите, Владата ќе ја донесе во текот на идниот месец е за секакво поздравување и поддршка“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој воедно е и претседател на раководството на Југозападниот регион во кој влегуваат 12 општини, кој поведе иницијатива за либерализација на визниот режим со Албанија.
Најавената одлука значи вистински потег во духот на европските текови за што побрз проток на луѓе, стоки и капитал; градење на поголема и добрососедска доверба и соработка, а посебно сметам дека е во интерс на развојот на туризмот и воопшто економијата на охридско-струшкото крајбрежје. Сметам дека навремено реагиравме како Градоначалници и како Регион во интерес на граѓаните и стопанските субјекти и добро е што Владата покажа слух за нашите потреби и интереси – истакнува Градоначалникот Петрески во својата реакција за најавената одлука на Владата на Македонија за укинување на визите меѓу Македонија и Албанија.
ohridnews