Денес градоначалникот Александар Петрески, свика итен состанок на Општинското Координативно Тело на кој се разгледа ситуацијата по трагичната езерска несреќа. Констатирано беше дека, општината Охрид и нејзините служби и јавни претпријатија, максимално биле ангажирани во пружањето помош на настраданите и  целосна  материјална и логистичка поддршка на  државните органи.
   
Донесена беше одлука сите свечености по повод Националниот празник, 8 септември да бидат прекинати, како морален чин и почит кон настраданите бугарски туристи. За утре во 12 часот свикана е итна седница на градскиот совет, на кој ќе се разгледа актуелната ситуација по трагичната несреќа.
   
Градоначалникот Александар Петрески упати телеграми со изрази на длабоко сочуство до претседателот на Република Бугарија Георги Прванов и до бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ohridnews