Општина Охрид со соопштение реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени денеска на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз. Во реакцијата стои:
Имено бидејќи во изјавата го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз „Сл. Весник бр: 44 од 19.03.2015 год.“ стои:
Член 2:
„За општински линиски превоз на патници, превозникот треба да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште“.
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај Општина Охрид распиша Јавен повик за општински линиски превоз, а не меѓуопштински линиски превоз како што стои во обвинувањето на АД „Галеб“ Охрид.
Што се однесува на споменатиот Член 8 од Одлуката на општина Охрид за продолжување или скратување на линии стои:
„ За отворање на нови, продолжување, скратување и уклонување на постоечки линии одлучува Советот на општина Охрид по предлог на Одделението за сообраќај“.
За продолжување или скратување на линија се смета продолжување или скратување на бројот на автобуски постојки по одредена линија. Согласно Законот за превоз Член 19 „Општински линиски превоз на патници се врши врз основа на дозвола за определена линија што ја издава градоначалникот на општината. Дозволата и возниот ред се издаваат со рок на важност од 5 години.“
Согласно Член 22 од истиот Закон, Советот на општината го утврдува критериумот за начинот и постапката за издавање и одземање на дозволата за вршење на општински линиски превоз и распределување на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз.
Врз основа на претходно изнесеното во Членот 24 од Одлуката на Советот на општина Охрид стои:
„Изборот на превозникот за добивање дозвола се врши по пат на Јавен повик. На Јавниот повик можат да учествуваат сите правни лица кои имаат претходно добиено лиценца за вршење на општински линиски превоз“.
Воедно истакнуваме дека во отворањето на понудите од страна на превозниците кои учествуваа на Јавниот повик за општински линиски превоз на патници претставникот на АД „Галеб“ кој беше присутен немаше никакви забелешки за целиот тек на постапката. Целата постапка за избор на превозниците беше крајно транспарентна и се одвиваше со надвање на системот за Е – Аукција. – се вели во писмената реакција на општина Охрид.
OhridNews