Дел од дрворедот на улицата „Мите Богоевски“, кај средното економско училиште, е исечен по грешка од инвеститорот на станбена зграда која се гради во непосредна близина. Во одговорот на локалната самоуправа испратен до нашата редакција, по објавата дека се исчени повеќегодишни дрвја на улицата „Мите Богоевски“, се наведува дека во случајот било постапено спротивно на издаденото решение.

„Инвеститорот ДООЕЛ „Пирин Комерц“ кој гради објект – колективна станбена зграда од десна страна на ул. „Мите Богоевски“ добил решение од општина Охрид со број УП-21/ 284 со кое има право на КП бр. 14986/2 КО-Охрид 3 да исече: три борови, еден орев и пет багреми. При увидот на надлежните инспекциски служби при општина Охрид и стручно лице , констатирано е дека наместо горенаведените до половина стебло се исечени: два кедари, четири јавори, една дуглазија и се искастрени два борови што е различно од издаденото решение. Тоа значи дека инвеститорот не постапил по издаденото решение од надлежниот орган.“ – соопшти Општина Охрид.

Општината информира дека надлежните служби изготвиле соодветен записник за случајот, за што ќе биде информиран и Државниот инспектор за природа.

OhridNews


Нема ден без да биде уништен некој парк, зеленило, дрво или друго јавно добро


Добро утро Охриде, повторно лошо