Општина Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски донираше опрема за Веслачката федерација на Македонија, откако двете страни потпишаа договор за меѓусебна соработка.
Донацијата се состои од осум чамци, сет весла и друга помошна опрема. Чамците и реквизитите се обезбедени од Светската веслачка федерација (FISA), со посредство на Македонскиот Олимписки Комитет.
Вредноста на донираната опрема изнесува 35.466 евра и ќе биде значително подобрување на условите за тренинг и развој на веслачкиот спорт.
OhridNews