Во просториите на Општина Охрид се одржа работна средба меѓу представници од коалицијата “Сега“ која го раководи Младинскиот Центар-Охрид и представници од организациите “Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од Шербоург и Mussigue Ehperience од Дусе, Франција, кои заеднички го реализираат проектот “For open minded youth workers“.

Во рамки на овој проект во периодот од 8 до 14 март двете организации од Франција се во студиска посета на нашава држава, а целта е да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните влсти ги поддржуваат младите, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека на средбата со двете невладини организации од Франција претставниците беа запознаени со поддршката и начинот на кој младите во Охрид добиваат поддршка од општината.

OhridNews