Поради долг од 80 миолиони денари за потрошена струја кон ЕВН, општина Охрид деновиве може да остане без улично осветлување. Без струја може да останат и општинската зграда и јавните претпријатија кои исто така имаат големи долгови.
Од локалната самоуправа признаваат дека дека должат, но велат дека проблемот може да се реши со компензација. Имено општината тврди дека дел од трафостаниците и друга електро опрема на територија на градот Охрид е во нејзина сопственост и дека со нивно отстапување на ЕВН може да се покријат милионските долгови.
Од ЕВН пак тврдат дека со приватизацијата на ЕСМ сите објекти вклучително и тие на територијата на општина Охрид се во сопственост на новиот газда од Австрија и дека локалната самоуправа треба да си го подмири долгот. ЕВН на 3-ти август испратила писмо до општина Охрид во кое градот се предупредува дека доколку во најкус можен рок не ги подмири долговите за потрошена струја, ќе биде исклучен од електро мрежата.
Мики Трајковски