Градоначалникот на општина Охрид објави конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2015/2016 година и конкурс за за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за  академската 2015/2016 година.

Општина Охрид за учебната 2015/2016 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа: 20 стипендии за талентирани ученици од седмо, осмо и деветто одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ; 20 стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од седмо, осмо и деветто одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид; 20 стипендии за талентирани ученици од втора, трета и четвртта година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид  и 20 стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови, од втора, трета и четвртта година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид .

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во општинските основни  и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови: да се редовни ученици, да освоиле награди за поединечно освоено прво, второ и трето место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста, да оствариле континуиран  одличен  успех во текот на школувањето од шесто одделение па нагоре за основците и од прва година па нагоре ,за средношколците, да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.

Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2015/2016 година. Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно до 15.10.2015 година(четврток) на адреса: Општина Охрид  ул. „ Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“
 
 Општина Охрид ќе додели и 30 стипендии за редовни  студенти на додипломски студии од втора, трета, четврта, петта и шеста година, од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМакедонија,  за академската 2015/2016 година
 
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија , а ги исполнуваат следниве услови: да се редовни студенти, да оствариле просечен успех во текот на студирањето од минимум 8, да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми. Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000,00 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2015/2016 година. Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно до 15.10.2015 година(четврток) .

OhridNews