Општина Охрид со остра реакција одговара на наводите изнесени во писмото од МЗ од село Куратица, во врска со спречувањето на работната екипа да постави информативна табла пред месното основно училиште, кое како и останатите образовни установи во општината согласно Законот за децентрализација е под капа на локалната самоуправа.

Во соопштението, општината наведува дека случајот е исполитизиран од поединци и претставува кршење на законските прописи. Во соопштението натаму стои:

„Должност е, а и упатно за секого, јавните установи и институции да имаат информативно табли. На училиштата и градинките во Охрид тоа е сторено сега и на нив се наведени основните податоци. Од нив се гледа дека основач е Локалната самоуправа. Таа и законски е должна да води грижа и го оддржува објектот- училиштето.

По „ логиката“ на претседателот на МЗ од Куратица, Владата на РМ требало нему лично и на неговите истомисленици во раководството на МЗ да им се обрати за дозвола за поставување информативни табли  или на пример патоказите кај „Прентов Мост“! А, кога сме веќе кај информативните табли: Кој ќе им  поставува табла кај „Прентов Мост“ за руралниот туризам во Куратица која токму деновиве се промовираше во  присуство на именованиот Ангелески и со негови пофалби до Локалната самоуправа?  Зошто таму Ангелески Горан не гледа „задскриен маркетинг“ и не се огласи во јавноста со оглед на тоа дека тој проект е дело и на Локалната самоуправа?

Колку се изманипулирани се гледа не само од срамната и штетна постапка, туку и од тоа што се дрзнале уште и да ги  известуваат  медиумите  за „херојството на курајчани“ – се вели во реакцијата на  Општина Охрид.

Ohridnews