Охридската локална самоуправа преку Електронскиот систем за јавни набавки вчера објави Јавен оглас за Стручна ревизија за основни инфраструктурни проекти во општината. Проценетата вредност на оваа набавка е околу 5.100 евра или точно 313.559,32 денари.
Првиот дел од јавната набавка се однесува на Стручна ревизија на основен, инфраструктурен и проект за употреба и одржавање за фекална канализациона мрежа, атмосферска и водоводна мрежа. Во рамки на вториот дел од јавната набавка се бара Стручна ревизија на основен, инфраструктурен и проект за употреба и одржавање за изградба и реконструкции на улици, а во третиот дел се бара Стручна ревизија на основен, инфраструктурен и проект и проект за употреба и одржавање на електро енергетски инсталации.
Четвртиот дел од јавната набавка опфаќа Стручна ревизија на основен проект на Градби наменети за основно и средно образование, градби од областа на културата, рекреативни центри, катни гаражи, пазари, градби кои се во функција на заштита и промоција на природното наслество, депонии за интерен отпад, преработка за отпад, меѓуградски автобуски станици, стадиони и спортски сали, отворени спортски игралишта, базени на ниво на теренот за јавна употреба, јавни паркови, јавни паркиралишта, жичари и ски лифтови односно ревизија на основен проект од над 1000 метри квадратни.
Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават најдоцна со 4-ти септември 2015 година до 13 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на истите. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудена цена.
OhridNews