Охридската локална самоуправа преку Електронскиот систем за јавни набавки денеска објави Јaвен оглас за Набавка на услуги за надзор при изведба на објекти. Проценетата вредност на оваа набавка е околу 9.600 евра или точно 593.221 денари.
Првиот дел од јавната набавка се однесува на Вршење стручен надзор на изградба и реконструкција на плоштади и кејови. Вториот дел се однесува на вршење стручен надзор на изградба и реконструкција на гарадби за потребите на општината, катни гаражи, пазари, водоводни базени, канализациони мрежи и нивни пропратни објекти, изведба и реконструкција на општински патишта со пропратни објекти и крпење на ударни дупки.
Во рамки на третиот дел од јавната набавка се бара вршење стручен надзор на изградба и реконструкција на јавни паркови, детски игралишта и друга урбана опрема.
Четвртиот дел од јавната набавка опфаќа услуги за вршење стручен надзор на изградба и реконструкција на градби за потребите на општината, катни гаражи, отворени спортски игралишта, меѓуградски автобуски станици, пазари, базени, водоводни и канализациони мрежи и нивни пропратно објекти, како системи за пречистување, пумпни станици, резервоари, прекидни комори, хидроцентрали, изведба на општински патишта со пропратни објекти, кружни крстосници, тротоари, крпење на ударни дупки и изградба на други објекти од втора категорија за кои е потребна лиценца „Б“.
Понудите за овој Jавен оглас треба да се достават најдоцна со 4-ти март 2015 година до 13 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на понудите. Критериум за доделување на договор е најниската понудена цена.
OhridNews