Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи за младиот Мухамед Максуд и Здружението на дијабетичари.
Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно. Дел од овие средства, односно 80 000 денари ги донираме на 21 годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба. Воедно тука упатувам апел за секој еден кој е во можност да донира за Мухамет да може повторно нормално да продолжи да живее. Останатиот дел во износ од 53 000 денари ги донираме на Здружението на дијабетичари – Охрид, информираат од Општина Охрид.
Потенцираат дека одлуката за поставување на хуманитарни паркинг простори се покажа дека е повеќе од одлична, а замислата е проектот во иднина да го надоградуваат.
OhridNews