Во петок, 4 октомври, на просторот на Самоиловата тврдина со почеток во 12:00 часот со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.

Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиен е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска. Настанот ќе го проследат учениците од седмите одделенија од општинските основни училишта, информираат од Општина Охрид.

Посочуваат дека доколку не постојат временски услови за одржување на настанот на просторот на Самоиловата тврдина, истиот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, во истиот термин.

OhridNews