Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не почнуваат нелегално да градат, бидејќи нивните објекти во најкраток рок ќе бидат отстранети.

  • Доколку сами не ги урнат започнатите дивоградби, тоа ќе го стори општина Охрид, а трошоците, по достава на трошковникот, ќе бидат на товар на инвеститорите. Воедно, согласно со законските прописи, против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави за нелегално градење, потенцираат од локалната самоуправа.

Во врска со вчерашниот настан кај „Крст џамија“, од локалната самоуправа објаснуваат дека интервенирал овластен градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето на нелегален објект на улицата „Марко Нестороски“, кој претходно бил означен и запечатен. Побарана била и асистенција од СВР- Охрид, при што беа приведени тројца градежни работници кои работеле на изградба на нелегалниот објект.

Објектот на „Марко Нестороски“

  • Вчерашниот настан  покажува дека Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите, велат од општина Охрид.

Додаваат дека контролите за нелегално градење ќе се итензивираат, а во нив ќе бидат вклучени СВР-Охрид и другите надлежни државни институции.

OhridNews