Секогаш кога треба да се нападне без аргументи, во јавноста се појавува ВМРО-НП, како продолжена рака на СДСМ , кои 8 години помагаа во тонењето на Охрид. “Експертите” од ВМРО-НП , а денес “стручњаци” за јавно осветлување, изнесоа мислења за јавното осветлување во градот, реагира општина Охрид на прес конференцијата на ВМРО НП, одржана денеска.

„Само заборавија да кажат, како тоа општина со долг од 2 МИЛИЈАРДИ И 38 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, или 33 милиони и 245 илјади евра обврски за плаќање, тоа може да го исфинансира. Од тие причини крајно несериозно е оваа партија да излегува со душегрижнички ставови за Охрид. На сите граѓани на Општина Охрид , јасно им е зошто општината самостојно неможе да инвестира во јавно осветлување. Но, со сигурност можеме да им порачаме, дека Претседател на тендерската комисија нема да биде братот на Градоначалникот, како што тоа го направи минатиот градоначалник, нивен коалициски партнер.

Локалната самоуправа, на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, започна нова постапка за решавање на овај голем проблем на охриѓани. Изработена е стручна физибилити студија каде што детално се анализирани моделите за решавање на уличното осветлување. Постапката ги помина сите фази од законската регулатива и беше презентирана пред советниците. За скоро се очекува распишување на тендер за овај крупен проект.

Само на овај начин преку транспарентни постаки каде што се вклучени стручни лица се докажува сериозен, законски и отчетен однос кон Охрид и охрѓани.“-стои во соопштението на општина Охрид.

OhridNews