Јавноста треба да знае дека уште на 06.12.2018 година побарано е да се изврши увид во документацијата и евентуалните спорни плаќања на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година, а истиот ден исплатата е запрена, информираат од локалната самоуправа по вчера изнесените обвинувања на прес конференција од ВМРО ДПМНЕ, дека на повеќе луѓе од ист објект им се исплатила отштета за земјотресите.

  • На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е председател на комисијата. Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, потсетуваат дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, била формирана  на 18.07.2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews