На кловновите кои настапуваат во циркус во Бирмингхам (Англија), од општината им забраниле да свират на труби. Циркусот Зипос нема дозвола за жива свирка која е одредена со закон од 2003 година. Не смеат да настапат ако кловновите не ја отфрлат музичката точка.
Шефот на циркусот ги нарече челните луѓе од општината смешни. Живата свирка е составен дел од традицијата на кловновите. Во настапот, кловновите свират труби само 3 минути. Циркусот се сели во Шефилд каде се надеваат дека нема да имаат бирократски проблеми.