Отпочната постапка за донесување на ДУП за Прва УЕ, не се запира туку ќе биде продолжена, информира локалната самоуправа. Оттаму велат дека во интерес на граѓаните кои изнесоа бројни забелешки на предложениот ДУП, постапката за доставување на анкетни листови се пролонгира до крајот на март. Сите забелешки потоа ќе бидат предмет на повторно разгледување од стручните служби велат од општината:

„Со цел да бидат правилно информирани  сите заинтересирани граѓани и институции во врска со последните средби и коментари сврзани со јавната анкета што се води по Нацрт- Планот за дел од првата Урбана Заедница, а посебно за да се толкува правилно она што е договорено на вчерашната средба  на градоначалникот Петрески со група граѓани, службата за односи со јавност при Општната го соопштува следното:

Изразената  поддршка од градоначалникот Петрески на вчерашната средба со група граѓани кои имаа одредени забелешки по  Нацрт-планот за  дел од првата Урбана Заедница, за да може да се реализира и спроведе согласно вчера договореното, но и врз база на законските прописи, подразбира граѓаните и институциите да продолжат со поднесување на анкетните листови. Во таа смисла, а врз база на вчера договореното при средбата со градоначалникот, граѓаните  и институциите  ќе можат своите забелешки преку анкетните листови да ги изнесуваат во текот на јавниот увид до крајот на месецот односно заклучно со 30. март  годинава.

На тој начин, со прибирањето повеќе анкетни листови односно повеќе изнесени барања од страна на граѓаните, спомнатиот Нацрт- План за првата Урбана Заедница ќе биде надограден и надополнет пред да се продолжи со натамошната фаза за негово донесување“, стои во соопштението на локалната самоуправа.

Ohridnews