Тековната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе продолжи со десет екипи, откако составот на Вардар Форино најави продолжување на мечевите.
Вардар Форино падна во тешка финансиска криза, фудбалерите прво најавија, а потоа остварија штрајк, не играјќи го мечот со кичевски Велазерими во 12-та рунда од Втората лига. Клубот беше под закана за преселување во најнизок ранг, ако не го одиграше натпреварот со Кораб на домашен терен во 13-та рунда од шампионатот.
Како спасител од најлошото сценарио се најде Општина Гостивар, која со 100 000 денари ќе му даде ветар во грб кога е најтешко. Финансиската инекција е мала, но сепак, значителна бидејќи важно за клубот е да ја заврши есенската полусезона и во зимскиот преоден рок, покрај фудбалери да најде стабилен спонзор.
Вардар Форино во текот од досегашната сезона во Втората лига освои вкупно 12 бодови и се наоѓа на 8-та позиција.
OhridNews