Од локалната самоуправа информираат дека тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата (запрашувањето) против комарци на територијата на општина Охрид, е завршена.
- Во тек е постапка за потпишување на договор со фирмата Лиса-Ком ДООЕЛ Кавадарци, која беше избрана за најповолен понудувач на распишаниот јавен повик.Основна дејност на оваа фирма е дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Надзорот на работите ќе ги врши Центарот за јавно здравје од Охрид, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека доколку постапката се одвива според предвиденото и доколку дозволат временските услови, дезинсекцијата против комарци ќе се изврши во текот на наредната седмица.
OhridNews