Општина Дебрца го објави второто барање за Б еколошка дозвола. 

Согласно Законот за животна средина и Уредбата за добивање дозвола за усогласување со оперативен план, инсталацијата „ЛОТЕ ДООЕЛ“, каменолом во село Климештани, до Општина Дебрца поднесе барање за добивање дозвола за усогласување со оперативен план.

Неодамна општина Дебрца ја издаде првата Б интегрирана еколошка дозвола на рудникот за травертин „РИ-ЕП“од село Велмеј.

Б еколошката дозвола ги  обврзува компаниите да
ги намалат емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната
средина  и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи. Б
интегрираната еколошка дозвола се издава за период од 7 години.

OhridNews