Општина  Дебрца ќе формира Локален совет на млади, што ќе биде одбележано со пригодна свеченост во сабота, со почеток во 19.30 часот.

На свеченоста по повод формирањето на советот, ќе настапат охриѓанката Натали Илијоска,  играорната група Дебрца од општина Дебрца, а присутните ќе имаат можност репризно да ја проследат и претставата „Сомнително лице“, во изведба на учениците од СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“ Охрид.

OhridNews