На денешната седница на Советот на општина Дебрца едногласно беше донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст, информираат од Општината.

Во пожарот кој избувна утрото на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

OhridNews