Општина Дебрца почна со реализација на уште еден инфраструктурен објект, изградбата на фекална канализација во селото Лешани, со пречистителна станица во Грко Поле.

Во првата фаза од проектот е предвидена и изградба на сервисна улична мрежа со поврзување до локацијата на пречистителната станица.

Како што информираше градоначалникот, Зоран Ногачески, вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ што Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.

Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, а подизведувач ГП „Победа“ од село Ботун.

OhridNews