Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна реализацијата на програмата за уредување на села во Општина Дебрца.

Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници. Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од страна на ЈПКД Дебрца, велат од Општина Дебрца,

Посочуваат дека во наредниот период продолжуваат и во останатите населни места.

OhridNews