Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот буџет за 2025 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на буџетот е наш приоритет, посочуваат од Општината.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар. Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници, велат во повикот до граѓаните.

Во рамките на процесот, додаваат, ќе биде одржан и отворен ден на 25 ноември, понеделник, со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и буџетот за 2025 година, потенцираат од Општина Дебрца.

OhridNews