Општина Дебрца почна со реализација на еден од најкапиталните инфраструктурни проекти, за реконструкција на улица во село Волино.
Со проектот целосно ќе се реконструираат улицата од центарот на селото до мостот на каналот на река Сатеска, во правец на село Требеништа, од центарот до мостот, во правец на село Мешеишта, во вкупна должина од 1394 метри, плоштадот и два паркинг простори, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
Вредноста на проектот изнесува околу 30 милиони денари и истиот е дел од Проектот за поврзување на локални патишта, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиски средства -заем кој Владата го обезбеди од Светска банка, а врз основа на проект изготвен и аплициран од Општина Дебрца.
Предвидено е рушење на постоечки асфалт, тампонирање, асфалтирање 8600 м2, изградба на тротоари во должина од 1130 метри, атмосферска канализација 475 метри, бетонски канал 248 метри, поставување на оптички кабел, каблирање и поставување во земја нисконапонска електрична мрежа, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, ново улично осветлување, со вкупно 73 шестметарски и 6 осумметарски столбови, со лед светилки, додава Ногасеки.
Во проектот со инвестиција од околу 3.500.000 денари учествува ЕВН, која ќе изврши каблирање на нисконапонската мрежа и демонтирање на воздушната електрична мрежа и бандерите, долж трасата, Македонски Телеком, кој ќе постави оптички кабел и Општина Дебрца со околу 680.000 денари за изведба на новите индивидуални приклучоци на електричната мрежа.
Изведувач на работите е Ленди Груп Скопје, а подизведувач Маркоски К 73 Струга.
OhridNews