Водата што е наменета за пиење да не се користи за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во овој период од годината кога има зголемена потрошувачка, апелираат од Општина Дебрца.

Капацитетот на доводните цевководи и резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата. Ненаменското трошење на водата за пиење доведува до недостиг од вода за домаќинствата, особено за оние кои се во повисоките зони на населените места, вели градоначалникот Зоран Ногачески.

Пумпните станици, доводните цевководи и резервоарите, додава Ногачески, се димензионирани според водоснабдителна норма потребна за домаќинствата, а не за наводнување.

Максимално работат двете пумпни станици во Св.Еразмо и с.Требеништа, во резервоар во село Оровник вода влегува максимално, но и максимално се троши, посочува Ногачески.

OhridNews