Општина Дебaрца започна со урбанизација на населените места и за таа цел на 9-ти и 10-ти февруари 2015 година ќе организира информативен увид во планската програма за пренамена на земјоделското во гредежно земјиште. Од општината велат дека на увидот пожелно е да присуствуваат лицата кои веќе се корисници на субвенции за земјоделско земјиште.
Според најавите, во понеделник на 9-ти февруари, јавниот увид кој ќе се одржи во просториите на општина Дебарца ќе биде наменет за следниве населени места:
1. Влемеј во 9 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути
2. Волино во 10 часот и 30 минути до 11 часот и 30 минути
3. Злести од 11 часот и 30 минути до 12 часот и 15 минути
4. Климештани од 13 часот до 13 часот и 30 минути
5. Слатино од 13 часот и 30 минути до 14 часот
Во вторник на 10-ти февруари, јавниот увид на планската програма ќе биде наменет за следниве населени места:
1. Издеглавје во 9 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути
2. Лактиње во 10 часот и 30 минути до 11 часот и 30 минути
3. Црвена Вода од 11 часот и 30 минути до 12 часот и 15 минути
4. Средорече Горно и Долно од 13 часот до 13 часот и 30 минути
5. Песочани од 13 часот и 30 минути до 14 часот
OhridNews