Општина Дебарца го презентираше планот за изградба на фекална каналзиацијаво село Горенци. На средба со жителите од селото, Градоначалникот Игор Трајкоски изнесе детали за реализација на проектот, кој треба да го реши долгогодишниот проблем на Горенци со фекалната канализација. Тој ги запозна горенчани со трасата по која е предвидено да поминува канализационата мрежа.

-Изградбата на фекалната канализација ќе биде во должина од 8 500 метри, а цевките ќе се поставуваат на длабочина од 2 до 4 метри и истата ќе биде приклучена на главниот колектор „Мешеишта“ кој е во фаза на реализација. Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата, за што Агенцијата за финансиска поддршка во земојоделието и руралниот развој објави повик на кој може да аплицираат општините со цел подобрување на животниот стандард во селата, истакна градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

 

Со реализација на овој проект ќе се надминат проблемите со одведување на фекалните води во село Горенци, информират од општина Дебарца.

OhridNews