Ја разбираме желбата на советничката Хајба како преставник на незначаен политички субјект во Охрид да ја искористи секоја можност политички да се етаблира и ние тоа го почитуваме. Ја почитуваме и нејзината политичка тактика да се обиде да ја намали вредноста на фактите од денешната прес конференција на градоначалникот Бакрачески. Но, за разлика од Вас,  во нашиот одговор како и секогаш  ќе се послужиме со нашиот единствен етаблиран пристап кон граѓаните, а тоа е транспарентноста и отчетноста кон јавноста како наша обврска кон охриѓани со изнесување на веродостојни податоци и аргументи, стои во реакцијата од локалната самоуправа во врска со дописот на советничката Верица Хајба.

Од локалната самоуправа наведуваат дел од проектите, како што велат за кои се горди што ги реализирале:  субвенционирање на трошоците односно сметките кон општинските јавни претпријатија на социјално ранливите категории на граѓани (180.000 месечно); подршка  на наталитетот со еднократна парична помош на родилките (2.327 754.оо  денари); континуирани стипендиите за учениците и студентите (1. 000.000.оо ден)  ; бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица ( 2000 ден за јазици и 1500 ден за информатика по лице) ; помош  за семејствата чии  домови биле опожарени ( 2. 475. 771. 00 ден) ; континуирана подршка на центарот за згрижување на лица со посебни потреби “Зраци“;  помош во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани;  неколкукратните хуманитарни и донаторски активности реализирани во  соработка со Црвениот Крст на Охрид.

– И покрај  наследената катастрофална финансиска состојба која ни ја оставивте, преку горенаведените проекти и активности за социјална ранливите категории, Општина Охрид за период од неполни две години  од својот буџет издвои  6 049 525 оо денари. Оваа сума недвосмислено покажува дека програмата за социјална помош од 200.000 со која вие денес безуспешно се обидовте политички да поентирате е само мал дел од нашата целокупна социјална политика. Горди сме на  нашите  заложби да ги  подобриме  условите за  живот на социјално ранливите  категории   и  да го олесниме нивното секојдневие со реализација на горенаведените проекти и активности. Горди сме и на нашите заедничките напори со владата на Македонија  кои резултираа со влез на два големи странски инвеститори во охридското стопанство  за прв пат после 25 години пустошење на истото, велат од локалната самоуправа.

Оттаму потенцираат дека продолжуваат со борбата за подобра иднина на охриѓани непрекинато и со уште појак интензитет.

– Но дали  вие г-ѓо Хајба  сте горди на 50-те милиони евра долг со кој ги осиромашивте и опустошивте охриѓани за наредните неколку десетици години ? Дали сте горди на стотиците и илјадници граѓани и компании од Охрид кои заради неисплатените долгови кон нив останаа без работа и можност за гола егзистенција ? Дали сте горди што на граѓаните од опожарените куќи во минатото ги оставивте без можност да обезбедат покрив на главата ? Дали сте горди што токму за центарот “ Зраци” не издвоивте нити еден единствен динар ?  Ова се прашања за кои Охриѓани навистина заслужуваат одговор, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа.

OhridNews