Согласно неодамна донесените измени на Законот за домување, се овозможува акумулираните долгови да бидат пресметани во основната главнина за станот. Оние што ќе се решат да го откупат станот во готово ќе имаат попуст од 70 отсто, а оние кои ќе го отплаќаат на рати, тоа ќе може да го сторат во рок од 40 години.
Станува збор за околу две илјади станови во цела држава, а досега за откуп аплицирале околу 400 граѓани. Оние кои нема да поднесат барање до 31 декември, ќе продолжат да плаќаат кирии.
Како олеснување за граѓаните е тоа што проценката на станот која досега се плаќаше, ќе биде бесплатна.
Во повеќе градови низ земјава ќе бидат организирани трибини со цел граѓаните да се информираат и да аплицираат за откуп на општествените станови до крајниот рок, односно до крајот на годината.