Сопствениците на општествени станови кои имаат заостанати неплатени рати за становите, истите треба да ги исплатат најдоцна до 30 јуни 2010 година, за да не се соочат со принудни и судски наплати. Ова е последниот јавен повик што деновиве Државното правобранителство на Република Македонија го објави во медиумите.

Граѓаните кои благовремено ќе си го исплатат заостанатиот долг, до Државното правобранителство на Р.М.  треба да достават потврда од банката за исплатената купопродажна цена. Со исплаќањето односно купувањето на становите ќе се создаде можност за завршување на приватизацијата на околу 3.000 општествени станови во Република Македонија.

Ohridnews