Триесеттина тврдо пресовани душеци обложени со водоотпорен материјал деновиве доби детската градинка “Росица” во населбата Лескајца, донација на Лајонс клубот “Лихнидос” – Охрид.
Децата се наше најголемо богатство, оттаму грижата за нив треба да биде приоритет на сите општествени чинители. Оваа скромна донација се надеваме ќе придонесе за подобар престој на најмладите во градинката “Росица”, истакнаа од Лајонс клубот “Лихнидос”.
Од клубот најавија нови хуманитарни активности во периодот што претстои.
Г.М.