Во моментите кога нашето општество, како и целиот свет, се соочува со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, поради која голем број држави, меѓу кои нашата се во речиси целосна изолација соочувајќи се со голем број заразени и починати лица, надеж дека ќе биде подобро влеваат хумани поединци, организации и компании. Во екот на големата криза тие не ги забораваат медицинските лица и здравствените установи кои се најизложени на опасноста во секојдневната и несебична битка со злобниот вирус.
Виа Фарм аптеките и стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, кои секогаш се во служба на здравјето на луѓето и овој пат демонстрираат висока општествена одговорност и хуманост, несебично издвојувајќи време и ресурси за да помогнат. Тие деновове обезбедија донација од 300 визири за заштита при работа од вирусот Ковид 19, кои ќе бидат дистрибуирани до медицинските лица во регионот.
Дел од донацијата денеска беше доставена на Итната медицинска помош во Охрид.
До понеделник, визири за заштита при работа, донација на Виа Фарм аптеките и стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, ќе добијат и Итната медицинска помош во Струга и Вевчани, одделот за епидемиологија во Охрид и Струга, инфективното одделение во Охрид, како и сите матични ординации (доктор – сестра) во регионот.
OhridNews
Текст посветен на мојата генерација