Компанијата „Кармен Бауцентар“ донираше поголема количина ламинат за потребите на дел од училиштата во градот, за што претходно позитивно се изјасни Советот на Општина Охрид.
Потребата за подобри услови за настава на најмладите не мотивираше, во рамките на нашите можности, овој пат да донираме ламинатен под од брендот “Swiss Krono”. “Кармен Бауцентар” како општествено-одговорна компанија по договор со Општина Охрид и позитивната одлука на четириесет и четвртата седница на Советот, донираше 400м2 ламинатен под со придружни елементи за потребите на oсновните училишта “Св. Климент Охридски” – Охрид, “Григор Приличев” – Охрид, и “Св. Наум Охридски” – с.Коњско. – информира „Кармен Бауцентар“.
„Кармен Бауцентар“ редовно реализира општествено корисни акции кои се пример за заедницата.
OhridNews