Општата болница од Охрид на Реплек му должи 110.000 евра за инсулин, објави телевизијата А1. Во сторијата се наведува дека Реплек може да ја прекине испораката на инсулин на должниците.
Од компанијата велат дека со писма ги известиле и фондот и министерството за здравство за огромните долгови на болниците за инсулин .Од фондот за здравство кој треба да обезбеди непречено снабдување за корисниците тврдат дека не биле запознаени со проблемо.
Директорите на болниците најавуваат дека ќе ги подмират долговите, но бараат разбирање од дистрибутерите за кризата во која се наоѓаат. И додека првите луѓе на болниците покажуваат немоќ апели за помош стигнуваат од повеќе градови во Македонија поради недостаток на инсулин.
Од здружението на граѓани со дијабет бараат бидејќи директорите на болниците не можат да обезбедат непречено снабдувањесо инсулин, да интервенира Фондот за здравство.
„Сигурно фондот треба да ги контролира на некој начин да види тие средства дали се доволни, дали правилно ги трошат, дали од тие средства одвојуваат за набавка на инсулин, тоа фондот може да си го контролира. Тој што дава пари треба да си го контролира“, изјави за А1 Аврам Ванковски, претседател на сојузот на здруженија на граѓани со дијабет.
Во Македонија има 35 илјади инсулински корисници, од кои во внатрешноста на државата се 25 илјади кои се најзагрозени во моментов.