ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани.

Ве известуваме дека ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга.

Од двете Болници изразуваат сочуство до семејствата на жртвите во трагичната несреќа.

Како лекари и медицински персонал, стоиме заедно со вас во овие тешки моменти. Како Општа болница, ја нудиме нашата целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба, велат од Општата Болница Охрид.

OhridNews