Од охридската Општа болница со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка во кое се наведува текот на настаните откако жената била примена во Гинеколошкото одделение во Охрид. Од болницата наведуваат дека пациентката првородка била примена на ден 11.06.2019 год. во 04:00 со прснат воденик во термин за породување.
Објаснуваат дека пациентката имала хронична системска болест LUPUS и од детска возраст била со имуносупресивна терапија.
- Направен е итен царски рез, добиен е жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден, поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест, конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман, информираат од охридската болница.
Додаваат дека во текот на престојот на GAO-Охрид земен бил брис од рана од родилката и истиот бил стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид).
- Следниот ден на GAK е направена (мултидисциплинарна) ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација, потенцираат од охридската болница.
Новороденото се наоѓа во одделението при охридската болница и е здраво и во добра општа состојба.
Од болницата изразуваат длабоко сочуство до семејството за изгубениот млад живот, додавајќи дека екипата на GAO-Охрид вложила максимални напори, се било направено брзо и протоколарно, а пациентката била благовремено испратена во терциерна установа.
OhridNews