Опремата на сплитската специјализирана компанија „Дубина“ која ќе го извлекува потонатиот брод „Илинден“ од Охридското Езеро, ќе пристигне вечерва на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Како што информираат истражните органи акцијата за извлекување на „Илинден“ ќе започне утре изутрина со испитување на теренот и на потонатиот брод.

Експертите посочуваат дека се работи за сложена акција која ќе биде изведена дури откако ќе бидат обезбедени сите потребни услови, поради што најпрвин ќе се сочекаат резултатите од подводното истражување на местото на несреќата што ќе го извршат екипи на „Дубина“.

На 5-ти септември бродот „Илинден“ потона во близина на кампот Елешец при што животот го загубија петнаесет бугарски туристи.

Ohridnews